Албанската министерка за здравстсво и социјална заштита, Огерта Манастирлиу, потврди дека бројот на нови случаи на корона вирусот значително се зголемил, истакнувајќи дека загрижува фактот оти во последно време најпогодени се младите на возраст од 25 до 35 години.
Според Манастирлиу, има појава и на повторна инфекција кај лица кои претходно веќе се излечиле од вирусот, што, според неа, наведува на заклучокот дека во земјата се раширени новите мутации на вирусот.
Имаме случаи на инфекции на млада возраст, имаме случаи на повторни инфекции што е уште една причина што ги доведува експертите до сомневања за циркулација на нови варијанти на вирусот. Правиме проценка како да се справиме со тоа. Чекаме резултат од референтна лабораторија за да видиме дали се точни нашите сомневања – истакна Манастирлиу.
Таа оцени дека за влошувањето на епидемиолошката состојба има и други причини поврзани со неспроведувањето на мерките, небрежноста кон нвното почитување, семејните дружења за време на празниците и зголемениот прилив на население во некои туристички области.
Според анализата на Институтот за јавно здравје и Техничкиот комитет на експерти, највисокото ниво овој месец е регистрирано вчера со 1.124 нови случаи, додека дневнот просек за измнататанедела е над 1030 случаи.
Двонеделната инциденца е 450 нови случаи на 100.000 жители во споредба со претходните 14 дена, а постои тренд на зголемување и на смртноста.
Министерката ги демантраше информаците дека има пренатрупаност во болниците, додавајќи дека од вкупно 550 легла, колку што располагаат четирите ковид болници слободни се 25 отсто и оти и неколку регионални болници се подготвени за прием на болни, во случај на потреба.
Доцна попладнево ресорното Минстертвото ги објави податоците за последното деноноќие.
Во последните 24 часа забележан е благ пад на новозаразени, направени се за околу илјада тестови помалку, но забележан е повисок процент на заразени споредно со бројот на тастираните. Од 3.458 тестрани сомнителни случаи опасниот вирус е дијагностициран кај 953 што е 27,5 отсто од тестираните, додека битката со опасниот вирус ја изгубиле 12 лица сите во болнички услови – информираше Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.