Влезот во внатрешните делови на кафулињата, баровите, рестораните, таверните, ноќните клубови, како и во спортските сали, ќе биде дозволен само за вакцинирани лица и за оние кои во изминатите шест месеци прележале ковид-19

За театрите, музеите, археолошките локалитети, како и за фитнес-центрите, влез е дозволен за вакцинирани, за оние кои ја прележале болеста, но и за оние кои имаат негативен тест направен 48 часа претходно

Новите мерки против ковид што во Грција ќе стапат на сила ќе стапат од понеделник, а кои повеќе се однесуваат на невакцинираните ќе важат и за туристите, јавува МИА.

Новите мерки ќе бидат со важност до 31 март следната година, а се однесуваат на затворените простори на уготителските објекти, на патувањата низ Грција, на посетите на музеи и археолошки локалитети, а посебни правила ќе има и за невакцинираните вработени во државниот и приватниот сектор.

Поконкретно, влезот во внатрешните делови на кафулињата, баровите, рестораните, таверните, ноќните клубови, како и во спортските сали, ќе биде дозволен само за вакцинирани лица и за оние кои во изминатите шест месеци прележале ковид-19.

За театрите, музеите, археолошките локалитети, како и за фитнес-центрите, влез е дозволен за вакцинирани, за оние кои ја прележале болеста, но и за оние кои имаат негативен тест направен 48 часа претходно.

Од понеделник, промени ќе има и за патувањата низ Грција, без разлика дали е со автобус, воз, брод или авион кон сите дестинации во земјата.

Невакцинираните, ќе треба, 48 часа пред патувањето да направат брз тест што ќе чини 10 евра.

Меѓу останатите мерки што на 13 септември стапуваат на сила се и задолжителниот брз тест за невакцинираните вработени во приватниот и јавниот сектор. Тие ќе треба еднаш седмично да се тестираат, исклучиво во приватните дијагностички центри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.