Новоименуваниот шеф на австриската дипломатија, Михаил Линхарт, оцени дека Западен Балкан е многу важен и дека ЕУ мора да му посвети поголемо вниманиена регионот.

Западен Балкан ни е близок. ЕУ мора уште повеќе да им подаде рака на тие земји – истакна Линхарт за виенскиот весник Хојте.

По преземањето на функцијата, Линхарт ја избра Босна и Херцеговина како прва службена дестинација, испраќајќи сигнал дека Западен Балкан останува политички приоритет во надворешната политика на Австрија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.