Новинарот Срѓан Шкоро најави дека ќе се кандидира за претседател на Србија на претстојните избори во 2022 година.
Како што пренесуваат српските медиуми, тој ја повика опозицијата да го поддржи во неговата кандидатура.
Мислам дека можам тоа да го добијам, дека таа трка можам да ја истрчам – изјави Шкоро за „Н1“ и ги повика „пријателите од Парламентот на Србија и соборците од опозицијата“ да го поддржат.
Шкото најави дека ќе биде кандидиран од група граѓани која ќе ја формира наскоро.
Тој наведе и дека постојат истражувања кои покажуваат дека може да биде добар кандидат, но не посочи за кои истражувања зборува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.