Новинарот на германскиот весник „Билд“, Питер Тиеде, гостуваше во емисијата „Неекспонирани“ на албанскиот медиум „News 24” каде обвини дека во Круја, Албанија, има магацини со дрога и тие се контролираат од градоначалникот и други лица. На прашањето, од каде го знае тоа, Тиде одговори:

Успеав да го сторам тоа преку истражувања. Да, успеав преку истражувања. Доколку одиш од Тирана кон Круја, има магацини со дрога. Тие се големи сали со дрога. Сум бил и самиот. Откако ќе ги видиш магацините со дрога, после две минути доаѓа некој со возило и прашува што правите. Тоа е соседот кој го чува магацинот со дрога – изјави германскиот новинар Тиеде, пренесува Балканвеб.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.