Новинарот на Anadolu Agency (AA), Абдулкадир Нишанџи, падна во провалија во текот на следењето на работите на патот на планината Соганли, кој ги поврзува црноморските турски градови Бајбурт и Трабзон, јавува Anadolu Agency (AA).

Нишанџи бил на новинарска задача на планината Соганли, која е висока 3.500 метри, каде што ги следел работите на патот кој ги спојува градовите Бајбурт и Трабзон. Во обид да сними фотографија, Нишанџи застанал на парче снежна маса која се оттргнала, а потоа паднал во провалија.

На местото на несреќата се упатени екипи на турскиот АФАД, жандармеријата и итните служби.

Потрагата по новинарот сè уште трае.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.