Поради зголемениот број на увезени случаи на заразени со корона вирус минатата недела, Словенија одлучи од 15 јули да ги смени критериумите за влез во земјата и повеќе нема да зависи од која држава доаѓаат патниците, туку само од нивниот ковид статус.

Според одлуката на словенечката Влада, за влез во земјата без карантин ќе важи европската дигитална потврда за вакцинација или дигитална потврда од трети држави, а основен критериум за влез е доказ дека некое лице прележало Ковид-19, целосно е имунизирано или има негативен резултат од тест.

Единствен исклучок се странците кои имаат земјиште или недвижен имот во Словенија (т.н. двојни сопственици), како и за деца под 15-годишна возраст доколку се во придружба на родител или старател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.