Романија воведе нови ограничувања за патување и мерки за изолација за оние кои влегуваат во земјата, како дел од напорите на властите да спречат нова здравствена криза по појавата на сојот омикрон.
Новите правила за патување ќе важат од денеска до 8 јануари и имаат за цел да го спречат преносот на вирусот за време на зимскиот распуст. Тие вклучуваат: докази за негативен тест за ковид-19 и карантин за невакцинирани патници кои доаѓаат од места со епидемиолошкиот ризик. Од 20 декември ќе се применуваат формулари за локација на патниците со цел да се подобри следењето на инфекциите.
Местата како продавници, кафулиња, трговски центри и ресторани сега можат да останат отворени до 22 часот, што е еден час подолго од претходно, а луѓето можат да влезат без сертификат за вакцинација, но со доказ за негативен тест на ковид-19. Повеќе не се потребни маски на отворени јавни места без гужви, а за клучните зимски празници – како што се Бадник и новогодишната ноќ – ограничувањата во однос на работното време се практично укинати.
Романија, со население од околу 19 милиони, во текот на октомври и ноември се сочи со катастрофална состојба и досега има потврдено три случаи на заразени со омикрон, за кој се смета дека е позаразен од претходниот вид на вирусот. Сите три случаи се откриени кај луѓе поврзани репатријација од Јужна Африка во Букурешт кон крајот на ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.