Во Босна и Херцегвина се регистрирани 1.843 новозаразени по 4.447 тестирања, а од последиците на Ковид-19 починале 60 пациенти.

Во Федерацијата тестирани се 3.012, а 1.239 биле позитивни. Досега вкупно се тестирани 530.484 примероци, а Ковид-19 имале 107.545 луѓе.

До денеска во Фередацијата оздравеле 87.216, а починале вкупно 3.512.

Во Република Српска има 553 новозаразени, од 1.343 тестирани. Починале уште 22 пациенти, а најмладата жртва е 35 година жена. Досега се потврдени вкупно 51.874 случаи со корона вирус, а 2.572 починале.

Во Брчко е регистриран 51 нов случај со корона вирус, а тестирани биле 92. Починале двајца пациенти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.