Министерството за здравство на Косово вечерва објави дека уште едно лице заразено од Ковид-19 почина на Инфективната клиника при Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, со што бројката на починати од епидемијата на новиот коронавирус се зголеми на седум.
Во соопштението на министерството се наведува дека станува збор за 71-годишник, жител на општина Гњилане.
Заклучно со вчерашниот ден, во Косово се регистрирани 224 заразени од Ковид-19, како и 37 лица кои претходно биле дијагностификувани позитивни на вирусот, а кои по вторпат едноподруго резултирале негативни на тестирањата, што според препораките на СЗО значи дека се излекувани
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.