Полицијата, жандармеријата и жителите на селото Глоговац како и ловџии интензивно трагаат по Малчанскиот бербер и Моника Каримановиќ (12). Сите се прашуваат само едно, каде би можел да исчезне киднаперот со девојчето зошто и денеска нема трага ниту глас од нив.
Пронајдени се траги, отисоци од стапала во атарот на селото Глоговац, но утврдено е дека тие се од вчера – вели извор близок до истрагата.
Исто така, пребарана е и колибата каде киднаперот престојувал со девојчето. Имавме среќа што со нас беа ловџии од Књажевац. Токму тие најдобро го познаваат теренот и тие ги пронајдоа овие траги, вели истиот извор.
Одредени медиуми претходно ја објавија вестa дека потрагата за денеска е завршена, но потрагата по Моника и киднаперот и натаму трае и нема да се прекинува додека не се пронајде.
12-годишната Моника Каримановиќ исчезна на 20 декември во 7.28 минути, точно 8 минути откако излегла од семејната куќа во Суви Дол и тргнала кон селото Доњни Брод на училиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.