Македонец се врати со оштетен автомобил од одмор во соседна Грција.

„Oва што се случува е неподносливо, ве молам апелирајте граѓаните да не одат на одмор во Грција“, изјави тој за Инфомакс.

Автомобил од марката „Пежо“ бил оштетен во Вурвуру на вториот крак на Халкидики, Ситонија.

Ова не е прв случај, секоја година Македонците доживуваат вакви непријатности, а никогаш овие случаи немаат разрешница, ниту пак се наоѓаат сторителите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.