Министерството за надворешни работи на кралството Белгија објави ажуриран попис на земји според зони во однос на епидемиолошката состојба.
На оваа виртуелна мапа може да се пронајдат детални информации за тоа каква е состојбата во секоја држава посебно. На таа мапа се истакнува едно подрачје, кое е обоено со зелена боја, а тоа е Истарската жупанија во Хрватска.
Зелената боја означува дека во тоа подрачје може да се патува без никакви ограничувања. Сите останати држави и региони се означени со црвена боја (што означува силна препорака да не се патува) и портокалова боја (може да се патува со дополнителна претпазливост). Истовремено, при враќањето од црвените подрачја следува задолжително тестирање и карантин, додека тоа не важи за останатите.
Со кликнување на Истра се отвора прозорече во кое пишува дека во тоа подрачје е дозволено патување без никакви ограничувања. Исто така, се наведува дека по враќањето во Белгија не треба да се има негативен ковид-тест и нема да се оди во 14-дневна самоизолација, односно карантин.
По повод таквата објава на белгиското министерство, началникот на истарскиот Кризен штаб за цивилна заштита, Дино Козлевац, изјави дека Истарската жупанија благодарение на резултатите во борбата против вирусот може да им биде пример на сите.

Истакнувајќи дека таквата ситуација е резултат на соработката и разбирањето на граѓаните и сите надлежни институции, Козлевац потсети дека граѓаните на Истра непрекинато веќе трет месец се придржуваат кон мерките за носење маски во затворен простор и дека тоа очигледно дава резултати.

Пред една недела, според белгиските податоци, покрај Истарската и Вараждинската жупанија беше најуспешна во спречувањето на ширењето на корона вирусот, а со зелено на истата карта беа означени и еден регион во Шведска, четири во Полска, двa во Бугарија и двa во Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.