Повеќе од десетина луѓе се евакуирани во западна Грција.
Поплавите ги оштетиле патиштата недалеку од градот Нафпактос и Патре, но немало повредени ни исчезнати.
Забележани се повеќе од 32.500 громови, главно во северниот и централниот дел на Грција. Бројни куќи и продавници се поплавени, велат надлежните.
Силните бури не се вообичаени во Грција.
Да потсетиме, во силно невреме, кое на 11 јули го погоди полуостровот Халкдики загинаа 7 лица, додека повеќе од 100 се повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.