Хрватскиот новинар Иван Бродиќ објавува нов документ за можна малверзација на Директорот на Агенцијата за Филм Горјан Тозија. Од приложеното се гледа дека тој потпишал анекс на авторски договор со екс шефот на хрватската агенција за филм Хрвое Хрибар.
Со анексот на договор кој важел за минатата година директорот на македонската Агенција за филм Горјан Тозија преку авторскиот договор ги менува периодот и сумата која важи за основниот договор.
Според анексо,т авторскиот договор наместо за лани од мај до октомври сега важи за најголем декнод мај оваа година а сумата која ја добива Хрибар се менува и од околу 13 илјади евра се зголемува над 17 илјади евра.
Во документот не се објаснува зошто се направени промените на основниот договор.
Бродиќ се сомнева дека Горјан Тозија на овој начин прави фиктивна контра услуга за колегата од Загреб затоа штоХрибар преку хрватската агенција за филм го финансирал филмот Ослободување на Скопје поради кој Бугарија ја блокирала Македонија.
По извршената ревизија во Хрватска тамошниот директор Хрибар е сменет од својата функција а Тозија и покрај неколкуте скандали се уште е директор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.