Земјотрес со јачина од 2,3 степени по Рихтер е регистриран во 13:24 часот на подрачјето на Куршумлија.

На сајтот на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија е објавено дека епицентарот бил кај местото Блажево.

Ова е продолжение на интензивната сеизмолошка активност во Србија откако во Крагуевац утринава и синоќа беа регистрирани два земјотреса.

Кај Топола вчера е регистриран слаб земјотрес со јачина 1,7 степени по Рихтер.

На 30 и 31 октомври беа регистрирани два земјотреса кај Младеновац, првиот од 2,6, а вториот со јачина од 3,9 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.