Нов земјотрес вечерва ја погоди Албанија, според информациите земјотресот бил со јачина од 4.3 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил седум километри од Рогожина и 37 километри од Тирана.
Земјотресот не предизвикал паника кај населението бидејќи траел кратко.
За потсетување Албанија на 26 ноември беше погодена од силен земјотрес во кој животот го загубија 51 лица додека илјадници беа повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.