Во последните 24 часа во Србија како последица на коронавирусот починаа 6 лица, додека регистрирани се нови 254 случаи на зараза со вирусот Ковид-19.
Во земјата до 15 часот, 12 август 2020 година, евидентирани се вкупно 28.751 потврден случај на Ковид-19.
Од последниот извештај тестирани се примероци на 8.768 лица од кои 254 се позитивни. Во последните 24 часа починаа уште 6 лица, а вкупниот број на починати како последица на новиот вирус во Србија изнесува 658 лица, беше соопштено на прес конференција.
На респиратори се наоѓаат 87 пациенти. Хоспитализирани се вкупно 2.454 лица. Досега тестирани се вкупно 770.997 лица кои ги исполнувале критериумите за дефинирање на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.