Рекорден број новозаразени со коронавирус, 745 лица, денеска е регистриран во Словенија.

Ова е втор ден по ред како е регистриран рекорден број на новоинфицирани со Ковид-19 во земјата, во која сега има над 10.000 заразени лица, објави СТА.

Зборувајќи на прес-конференција, портпаролот на словенечката влада Јелко Кацин рече дека вчера биле извршени рекордни 5.287 тестови, а 14 проценти од случаите биле позитивни.

Земјата досега регистрира 10.683 случаи на коронавирус, од кои 4.818 се активни.

Уште едно лице починало од коронавирус, така што вкупниот број на смртни случаи е 176.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.