Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија.

Нема извештаи за евентуална штета. Според грчките медиуми, земјотресот траел неколку секунди и бил интензивен.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени, пренесува Ројтерс.

Според ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина од 80 километри, додека грчкиот геодинамички институт соопшти дека е на длабочина од 42 километри.

Се чувствувал и во некои делови на Египет. Земјотрес со јачина од 3,4 степени претходно беше почувствуван околу полноќ во областите во близина на Солун, пишува „Катимерини“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.