Словенечкиот Институт за јавно здравје (NIJZ) вчера ги објави изменетите препораки за имунизација со трета доза против Ковид-19, а главната вест за оние кои ја примиле векторската вакцина е намалување на временскиот интервал за примање во однос на првите две дози.
Досега словенечките епидемиолози им препорачуваа вакцинација со трета доза на лица над 65. години, а сега се препорачува на сите кои наполниле 50. години, но може да ја добијат и оние над 18 години.
За оние кои примиле векторска вакцина, времето за примање на третата доза е скратено, така што им се препорачува по најмалку два месеци на оние кои биле имунизирани со векторски вакцини, додека за оние кои примиле вакцината mRNA останува да се вакцинираат по трет пат по шест месеци, објавил НИЈЗ на својата веб-страница.
Директорот на НИЈЗ, Милан Крек, на прес-конференција истакна дека Словенија се наоѓа во тешка епидемиолошка ситуација и дека прогнозите покажуваат дека бројот на новозаразени и хоспитализирани ќе се зголемува уште две недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.