Пожар избувнал синоќа во психијатриска болница во градот Кавник, округот Марамурес, северозападна Романија.
Портпаролот на инспекторатот за итни случаи во Марамурес, Корнел Бабуц, изјави дека се евакуирани седумдесет и еден пациент сместени во болницата. Според него, пожарот почнал од бања на третиот кат од зграда. Причините за пожарот остануваат непознати.
Под наслов „Нов пожар во болница во Романија“, утрово весникот „Евениментул Зилеј“ потсетува дека претходно изби пожар и во психијатриска болница во јужниот град Крајова.
Во моментов нема информации за повредени пациенти или лекари во пожар во болницата во Кавник, округ Марамуреш.
Во крајот на јануари избувна пожар во инфективната болница Матеи Балш во Букурешт, при што загинаа 20 лица. Околу 120 пациенти, претежно од Ковид-19, потоа беа евакуирани и пренесени во други болници.
Во ноември 2020 година, пожар избувна и на одделот за интензивна нега за пациенти со Ковид-19 во североисточниот град Пјатра Нјамц, при што загинаа 10 лица. Во пожар во психијатриска болница во североисточна Романија загина едно лице во декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.