Нов потрес се случи за време на јавувањето во живо од Петриње, Хрватска, каде што беше денеска епицентарот на разорниот земјотрес. Оттаму во живо се јавуваше репортерот на ТВ Алџезира Балканс, Марин Вершиќ.
Додека Вершич известуваше, разурнат објект позади него продолжи да се распаѓа. Во исто време, покрај него поминуваа родителите на загинатото девојче. Нивните вресоци и плач го вознемирија и репортерот.
Денешниот насилен потрес со интензитет од 6,3 степени се случи во 12:15 часот, а земјата во Хрватска и натаму се тресе.
Хрватските медиуми јавуваат за дваесетина повредени во Петриње, Сисак, Загреб и други градови.
Досега официјално има само една жртва – 13-годишното девојче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.