Во Грција регистриран е негативен рекорд на смртни случаи од Ковид-19 во 2021 година, починаа 79 лица, со што бројот на починати од почетокот на пандемијата се зголеми на 8.532 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 4.309 нови случаи на коронавирусот, а намален во споредба со вчера е бројот на пациенти приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, вкупно 751 пациент.
Во Грција досега се регистрирани вкупно 281.570 позитивни случаи на Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.