Во Грција денеска е регистрирано ново зголемување на заразени со ковид-19 и нов негативен рекорд на дневно ниво од почетокот на пандемијата со 28 828 позитивни случаи, од кои над 12 500 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Новите случаи се од 398 632 тестови, наспротив вчерашните 21 657 случаи од 556 060 тестирања.

Во изминатите 24 часа починаа 72 лица, а 620 пациенти (15 помалку од вчера) се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, од кои 529, односно 85.32 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.

Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени вкупно 1 134 713 случаи на ковид-19, а починаа 20 636 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.