Во минатите 24 часа во Грција е регистриран рекорден број нови случаи на Ковид-19, односно 284, што е највисока бројка од почетокот на епидемијата.

Според податоците на Националната организација за јавно здравје на Грција починале две лица, со што бројот се искачи на 242 од почетокот на епидемијата. На апарати се приклучени 31 пациент, а двајца од нив се на возраст до 17 години.

Од 284 нови случаи, 17 се регистрирани по направените тестови на влезните точки во земјата.

Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 8.664 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.