Во селото Горна Гуштерица во Општина Грачаница на Косово вчера е провалена и опграбена црквата „Света Недела“. Одземени се пари, а покрај оштетената врата, причинета е друга материјална штета.
Како што пишува белградска „Политика“, ова е петта ограбена црква во српските средини во Косово во изминатите десетина дена.
Минатиот викенд, во пресрет на верскиот празник Задушница, беше провалено и во храмовите „Свети Петар и Павле“ во Клокот и „Света Троица“ во Партеш, а мета на крадци беа и црквите „Четириерсет Севастиски маченици“ во село Драјковце и храмот „Свети Димитрија“ во село Долна Битиња во Општина Штрпце.
Ограбен е и парохискиот дом во изградба покрај црквата Свети апостол Лука, во селото Витомирица во општина Пеќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.