Грчките власти воведуваат дополнителни рестриктивни мерки, откако во еден ден се регистрирани најголем број случаи од почетокот на пандемијата (9.284).
Министерот за здравство, Танос Плеврис, најави дека мерките ќе стапат на сила на 3 јануари, а предвидуваат дека ќе биде задолжително носење на најефикасните маски или две хируршки маски во супермаркетите и јавниот транспорт, пренесе АП.
Местата за забава ќе се затворат на полноќ, а бројот на гледачи на фудбалските стадиони ќе биде ограничен на 10 отсто од капацитетот на стадионот.
Исто така, работата од дома ќе биде задолжителна во приватниот сектор во ситуации кога тоа е можно, а посетите во домовите за стари лица ќе бидат дозволени само на лица кои ќе покажат негативен ПЦР тест.
Очигледно, сојот омикрон се прошири низ целата земја, особено во поширокото подрачје на Атина, каде што се забележани голем број случаи – изјавил Плеврис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.