Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ изјави дека граѓаните на Србија, судејќи според епидемиолошката актуелна ситуација, во нормалните текови на животот ќе се вратат во јуни.

Најоптимистичката прогноза е дека градинките и училиштата ќе проработат кон крајот на мај, а можеби и во јуни. Факултетите ќе го следат работењето на училиштата, а за тренинзите и за спортот уште е рано да зборуваме – рекол докторот Тиодоровиќ.

Тој објаснил дека нормализација на животот може да се очекува кога ќе почне да се јавува дури по некој спорадичен случај на ковид 19 и кога ќе бидат сигурни дека децата нема да се разболуваат.

Кога станува збор за пензионерите Тиодоровиќ рекол дека тие остануваат со ист третман, се уште мораат да бидат затворени бидејќи се најчувствителчни и последни ќе бидат ослободени од мерките.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.