Неверојатна драма се случувала вчера попладне во Нов Белград, кога полицијата добила дојава дека три мажи изнесуваат тело во вреќа од станбена зграда. Соседите додале и дека од зградата со денови се ширела непријатна смрдеа.

Полицијата упаднала во станот на 30-годишниот Никола К., во кој биле пронајдени траги од крв и мобилен телефон во сопственост на Милица С., во кој биле пронајдени неколку фотографии со искасапено тело, за кои се истражува дали се автентични или се само невкусна шега. Траги од крв биле пронајдени и во лифтот.

По потерата, Никола е пронајден и уапсен, а пред полициските инспектори рекол дека Милица често доаѓала во неговиот стан и дека таму козумирале дрога. Девојката пред неколку дена се предозирала и починала.

Како што дознава „Блиц“, тој раскажал дека не смеел да викне полиција и Брза помош, поради дрогата, па не знаел шт ода направи со неа. Кога од телото почнало да се шири реа, ги повикал пријателите да му помогнат да се ослободи од телото.

Тројцата го ставиле телото на Милица во багажникот на автомобилот на Никола и планирале да го однесат на далечна локација, но соседите веќе повикале полиција, па се задале во бегство.

Исчезнувањето на Милица било пријавено минатата недела, а обдукцијата ќе покаже дали навистина починала од предозирање. Подоцна ќе се утврди за кое кривично дело ќе одговараат пријателите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.