Министерството за економија на Црна Гора испрати предлог до Владата за измени и дополнувања на Законот за внатрешна трговија, со кој се воведува неработен ден во недела. Од ова министерство велат дека во малопродажниот сектор, кој вработува 37.000 лица, нема да се работи во маркетите.
Се очекува со овој закон и самите работодавци да ги намалат трошоците, а работниците ќе може да одмораат во недела исто како што тоа го прават од другите професии.
Оттаму се додава дека ова решение позитивно ќе влијае врз општите економски активности и квалитетот на животот на поединецот, семејството и општеството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.