Шест лица загинаа, а десетици се повредени во невремето кое вчера беснееше на Халкидики. Според претседателот на Националната асоцијација на туристичките агенции во Србија, налошо било во местото Порто Карас и две села во неговата околина на вториот крак Ситонија.

Нема повредени македонски туристи во невремето, а поголемиот дел од нив ќе останат до крај на својите закажани аранжмани. Но, во силното невреме повредени се 7 српски туристи, меѓу кои и 13 годишно девојче.

Колку била драматична ситуацијата вчера, за „Блиц“ раскажува туристот Александар, кој вчера пристигнал во Калитеа.

Сè делуваше нормално. Ден обичен како и сите други. Тргнавме на прошетка околу 21 часот навечер, по грчко време. Ни тогаш ништо не навестуваше дека може да дојде до овие размери, раскажува тој.

Еден час подоцна почнало да дува малку посилен ветер.

Само неколку минути подоцна, снема струја во целото место. Од тој момент натаму сè се одвиваше како на филм. Побрзавме кон апартманот, кој е на околу 400 метри од центарот. Почна јака бура и ветрот почна да носи сè пред себе. Кога стигнавме на едно сто метри од апартманот, почна силен дожд и грмотевици. Успеавме да влеземе во супермаркет, каде веќе имаше доста туристи кои чекаа невремето да помине. Траеше околу еден час.

Во моментот во сместувањето на Александар сè уште нема вода и струја. Во голем дел од туристичките места струјата веќе се врати, а во останатиот дел денеска ќе се работи на нормализирање на ситуацијата.

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис од утрово се информира за последиците од невремето, а поради ситуацијата на Халкидики ги откажа средбите закажани за утрово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.