Десетици граѓани вчеравечер во Белград протестираа пред зградата на српскиот епидемиорлог и член на Кризниот штаб, д-р Предраг Кон, поради воведувањето на ковид-пропусниците. Тој во утринската програма рече дека е бесен поради недоличните имиња со кои беше нарекуван, само затоа што повикува на масовна вакцинација за конечно стабилизирање на состојбата со коронавирусот во Србија.
Морам јасно да кажам. Се скандираше дека сум усташ и тоа нема врска со вистината. Се скандираше дека сум злосторник. И тоа нема врска со вистината, јас сум епидемиолог, злосторник е вирусот, а на протестите застанаа на страната на злосторникот. Тоа треба да им биде јасно. Им се обраќам на сите граѓани на Србија, не им се придружувајте на злобниците! Тие скандираа дека сум Менгеле, а тој се смета за најголемото зло што постои, никогаш нема да им простам за тоа поради моето потекло. На крајот тие скандираа „уапсете го Кон“. Зошто некој да ме уапси? Дали е тоа поради пропусниците за ковид? Поради ставот кон вакцините? Не! Апсолутно нема причина некој да ме уапси, изјави д-р Кон, кој потекнува од еврејско семејство од Унгарија, што низ годините живеело и во Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.