Откако Малчанскиот бербер ја ослободи Моника и побегна, девојчето е сместено на детското одделение во клиничкиот центар во Ниш.
Обезбедувањето на клиниката и полицијта водат сметка никој освен мајката и докротите да нема пристап до девојчето. Мајката е цело време со девојчето, а според локалните медиуми, Моника е комуникативна и нејзината психофизичка состојба е добра.
Ходниците на спратот на кој се наоѓа Моника се празни и никој освен мајката не смее да ја посети, па медиумите пишуваат дека таа била малку тажна поради тоа.
Дури и за вработените, овој кат каде е Моника засега е забранет за нив и тие немаат пристап.
Извор близок до истрагата вели дека се превземени сите мерки и превземени се највисоки мери на безбедност за да и се обезбеди на Моника брзо оздравување од траумата од десетдневното киндапирање.
Моника синоќа давала исказ пред полицијата во присуство на адвокат и објаснила што се случувало за време на тие 10 дена.
Моника Каримановиќ е пронајдена вчера после 10 дена потрага, откако ја киндапирал Нинослав Јовановиќ, во полицијата познат како „Малчанскиот бербер„ кој и претходно е осудуван за педофилија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.