Копнените граници на Грција за македонските граѓани остануваат затворени уште две недели.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчката Влада за уште две недели ја продолжува забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и мерката за ограничување на копнените поврзувања на земјата со Македонија и Албанија.
Продолжувањето на конкретните мерки е дел од низата ограничувања што се продолжуваат за две недели, а ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.