Со спот во кој македонскиот премиер Зоран Заев се појавува наместо ликот на Александар Велики и вели дека веќе никој нема да оспорува дека сме Македонци и зборуваме македонски јазик, од Независни Грци прашуваат: Ќе го оставиме Заев да зборува во име на Александар Велики?, јави дописничката на МИА од Атина.

Северномакедонци, ниту ќе бидам јас, ниту вие, ниту децата, заради тоа што јасно е утврдено дека сме Македонци, зборуваме македонски јазик. И многу е важно што повеќе тоа никој нема да ни го оспорува – е делот од изјавата на Заев од 6 декември 2018 искористена во спотот на Независни Грци, а потоа следи пораката: „Александар Велики не може да зборува. Ќе го оставиме Заев да зборува во негово име? “.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.