Силно невреме, проследено со силен дожд, грмежи и град, попладнево погоди повеќе градови во Србија.

Меѓу најпогодените од невремето е општината Бајина Башта во западна Србија.

Како што јавуваат локалните медиуми, невреме проследено со град со големина на јајце и силен ветер погоди делови од општината Рашка.

Силен дожд со град има во Краљево.

Републичкиот хидрометеоролошки институт издаде итно предупредување за силен дожд, грмежи и град во Уб, Обреновац, Сјеница и на потегот од Приштина до Куршумлија.

Градот предизвика најголема штета во Баљевац и Билјановац во општина Рашка, каде беа оштетени овошни насади, автомобили и покриви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.