Јадранскиот дел на Хрватска е погоден од силно невреме. За целото крајбрежје е прогласено предупредување од највисок степен – црвен метеоаларм.
Медиумите наведуваат дека дел од Омиш е под морето, а поплавена е и ривата во Каштели.
Црвен аларм е прогласен поради оркански југо, чиишто удари достигнуваат и до 130 километри на час, но главно на отворено море.
Со такви удари на ветерот, метеоролозите предвидуваат брановите на отворено море да достигнат 4-6 метри.
Нискиот притисок и плимата со олуен и оркански јужен и југозападен ветар доведоа до шораст на нивото на морето, па поголемиот дел од Омиш е под вода. Поради тоа во прекин се многу траектни линии, а сите патувања се одложени за понеделник кога се очекуваат поволни временски услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.