Силно невреме денеска го погоди албанското крајбрежје, кое создаде високи бранови во морето. Албанската телевизија А2CNN изјави дека две лица го загубиле животот.
Во силното невреме кое го зафати Албанското крајбрежје моторен чамец бил погоден од брановите во Ѓири и Лазит и како последица, лицето кое управувало со чамецот, им подлегнало на повредите.
Други туристи во Велипоја, од кои едно од нив било дете, биле спасувани од високите бранови, кои се појавиле како последица од невремето.
Од албанската гранична полиција биле спасувани 14 лица, од кои девет чешки граѓани кои биле блокирани во лагуната во Велипоја.
Во Драч животот го загуби и една жена на 50-годишна возраст, која била извлечена од водите од туристите и била однесена во болница каде и починала.
На туристите од Чешка, помош им била дадена на самото место, додека останатите пет други туристи кои се од Албанија и Косово, биле префрлени во болничкиот центар, а се надвор од животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.