Голема количина дожд паднала во Црна Гора, додека пак големо невреме ги зафати поедини делови од Хрвтаска и Босна и Херцеговина.
Невреме кое вчеравечер го зафати Мостар, откорнало дрвја, а оштетени се и неколку автомобили.
Во невремето, никој не е повреден, а мостарските пожарникари утрово ги отстраниле поголемиот дел од паднатите стебла.
Olujno nevrijeme poplavilo ulice u #Mostar pic.twitter.com/SnF2mZc0e8
— Jabuka.tv (@jabukatv) October 3, 2019
На местата каде што била пријавена материјална штета има полициски службеници.
Силно невреме вчеравечер ги погоди и поедини делови од Хрватска, а на подрачјето на Истра и Кварнера издадени се дури две портокалови предупредувања.
Силното невреме пристигнало вчера во околу 14 часот во подрачјето на Ровињ. Поголем дел од времето паѓало дожд и имало силни грмотевици кои не престанале долго време.
На Хрватската планина Завиждан паднал и снег, а бидејќи температурата е околу нулата се очекува дека врнежи од снег ќе има и на други места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.