Некои делови на Далмација денеска беа погодени од големо невреме. Според Индекс.хр, околу 13:30 часот, големо невреме со град го зафатил подрачјето на Каштел Штафилиќ и западниот дел на Каштели, а невремето постепено се шири кон областа на Сплит, каде што интензивно грми.

Пред невремето, температурите биле високи, претежно над 25 степени, но за само половина час во Каштел Штафилиќ се спуштиле за 12 степени.

Град врне и во некои делови на Далматинска загора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.