Семејството на Небојша Марковиќ, кој во саботата во сред бел ден е убиен на Баново Брдо, вели дека тој бил прекрасен човек и дека настрадал невин.

Семејството на убиениот, како и Александар Ш., чија братучетка е омажена за жртвата, не биле способни да дадат изјава, освен што кажале дека се уште се во шок, бидејќи Небојша бил прекрасен, беспрекорен човек во секој поглед и дека настрадал невин.

Подмолно е убиен додека ја склопувал количката на детето. Не можел ни да насети што ќе се случи, бидејќи немал причина за тоа. Сакаме неговиот убиец брзо да биде фатен, бидејќи веруваме дека го снимиле камерите кои се наоѓаат секаде во околината – рекле тие.

Небојша Марковиќ во саботата беше ликвидиран од Чаба Дер(38), платен убиец од Суботица, по кој српската полиција распишала потерница. Сите гранични премини се надгледуваат, во тек се претреси и сослушување, а полицијата досега испрашала повеќе од десетина луѓе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.