Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави денеска дека по грешка ги повикала избирачите да гласаат за нејзиниот противкандидат Зоран Милановиќ во вториот круг од претседателските избори, бидејќи погрешно и го кажале бројот на листата.
Ве молам заокружете го бројот 2. Утрово погрешно ми кажаа. Два, два како викторија, како победа, одиме заедно до победа, изјави Грабар-Китаровиќ.
Таа утрово на загрепската Н1 телевизија по грешка ги повика избирачите во вториот круг од претседателските избори да го заокружат бројот 1, чиј носител е всушност нејзиниот противкандидат Милановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.