Полицијата во Копривница, Хрватска деновиве добиле необична пријава во која сопственик пријавил дека му ја нема целата куќа.

Се работи за монтажна куќа која била во изградба и речиси завршена, но крадците ја расформирале речиси до темел. Штетата се проценува на 1.350 евра.

Порталот Подравски.хр јавува дека чудно во целата ситуација е тоа што соседите не сфатиле што се случува, бидејќи кражбата не можела да трае кратко, а со оние со кои поразговарале велат дека не виделе ништо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.