Во Грција стапија во сила новите мерки. Ковид документот, односно сертификат за вакцинираните, потврда за прележаните и негативен рапид тест за невакцинираните, заедно со документ за лична идентификација, станува задолжителен за влез во речиси сите затворени простори во Грција, со исклучок на маркетите и продавниците за храна, аптеките, бензинските пумпи и црквите.
Конкретните мерки за задолжителен Ковид документ важат за полнолетните граѓани, а децата од 4 до 17 години може да покажат изјава за направен селф тест, односно негативен резултат од тестот за домашна употреба.
Сите невакцинирани вработени во јавниот и приватниот сектор задолжително, без разлика на нивната работна позиција, како и на вработените во религиозните објекти задолжително ќе треба да се тестираат со ПЦР или рапид тест два пати седмично, наместо еднаш како што беше досега.
Маската и понатаму е задолжителна во затворените простори, но и на отворено доколку постои гужва.
Како и досега, така и сега, сите мерки во Грција што важат за Грците, важат и за туристите.
Во меѓувреме, надлежните во Србија соопштија дека во земјата најверојатно е пристигнат делта плус сојот.
Во прашање е многу позаразна форма, имаме причина за голема загриженост, бидејќи делта плус сојот мутирал, во делот каде што влегува во клетките, тоа е многу позаразна форма на вирусот. Тоа ќе предизвика поголем број заболени на дневна основа. Тој веројатно е пристигнат во Србија – изјави командантот на воената болница на Карабурма во Белград, Иво Удовичиќ.
Во моментов во Србија во црвените зони се лекуваат над 6.700 пациенти, во најлоша состојба – на респиратор се 270 и помлади и постари лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.