Словенечкото Министерство за одбрана не ги дискриминира војниците кои не можат да одат на меѓународни мисии затоа што не се вакцинирани против Ковид-19, објави народниот правобранител.
Одлуката на Министерството стапи на сила кон крајот на јули и има за цел да го зголеми процентот на вакцинирани во војската што ќе послужи како пример за другите граѓани.
Воениот синдикат ја обжали одлуката, наведувајќи дека војниците кои не се вакцинирале од лично убедување се дискриминираат во однос на своите вакцинирани колеги.
Меѓутоа, во пресудата на омбудсманот се наведува дека невакцинирањето врз основа на лично верување не е причина поради која некој може да биде дискриминиран, односно дека личното верување не е „лична карактеристика“ на дискриминирана личност како што се полот, бојата на кожата, националноста, јазикот, религијата, попреченоста, возраста, сексуалната ориентација и слично.
Невакцинираните војници реагираат дека поради тоа не ги испраќаат во меѓународни мисии за кои добиваат повисоки плати и дека им се даваат помалку задачи, што ќе доведе до побавен напредок и пониски оценки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.