Резултатите покажуваат дека претседателот на САД Џо Бајден е популарен кај вакцинираните, а рускиот претседател Владимир Путин кај невакцинираните Грци.
Поконкретно, позитивно мислење за Бајден има 59,7 отсто од вакцинираните и само 19,7 проценти од невакцинираните.
Од друга страна, за Путин, позитивен став изразиле 61 отсто од невакцинираните и 33,5 проценти од вакцинираните.
Во однос на Ковид-19, седум од десет анкетирани изразиле страв од пандемијата и 78,4 отсто од оние кои се вакцинирале. Од невакцинираните, 70 отсто одговориле дека не се плашат.
Очекувано, мнозинството од невакцинираните, односно над 90 проценти, не се согласува ниту со задолжителната вакцинација за одредени категории, ниту со најавените мерки што ќе важат само за невакцинираните.
На прашањето зошто не се вакцинирале, 41 отсто одговориле дека „се уште не постојат доволно податоци за веројатни несакани дејства“.
Истражувањето на јавното мислење спроведено од „About people“ за информативниот портал „Њуз24/7“ било спроведено на 29 и 30 август 2021 година, а преку електронски интервју биле анкетирани 864 лица со право на глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.