Словенечкиот парламент, по повеќечасовна расправа, ја отфрли интерпелацијата против министерот за животна средина и просторно планирање Андреј Визјак.
За негова смена гласаа 43 пратеници од опозициската партија, три помалку од потребното мнозинство, во нов обид на левичарската опозиција да ја ослабне владата на Јанез Јанша пред парламентарните избори што претседателот Борут Пахор ги најави за 24 април следната година, пренесува Хина.
Интерпелацијата ја покрена опозицијата откако во медиумите беше објавена компромитирачка снимка од наводен разговор меѓу Визјак и бизнисмен и тајкун од пред 14 години, на која тие преговараат како да приватизираат голема компанија. Визјак тогаш беше министер за економија во првата влада на Јанез Јанша.
Уште една парламентарна битка ја чека владејачката коалиција на Јанша на почетокот на следната недела, кога ќе се одлучува за предлогот за недоверба на опозицијата на министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.