Горан Јанковиќ кој денеска беше уапсен поради сомнение дека со чекан ја убил својата сопруга Мирјана, нејзината мајка Нада и татко ѝ Бранисла Пајиќ, сослушан е во полиција во Нови Сад, а како што пишува Курир.рс го признал злосторството.

Јанковиќ за време на сослушувањето бил ладен и смирен, што ги изненадило полицајците. Во ниту еден момент не покажал каење.

-Се изнервирав кога сопругата на 11. мај ме пријави за насилство. Не можев никако да се помирам со тоа, па почнав и да пијам. Ноќта пред злосторството бев во кафеана. Дома се вратив во околу 4 утрината, а се разбудив во околу 5 ипол. Нешто ми кврцна во главата и одлучив да одам кај жената со намера да ѝ се одмаздам – рекол Јанковиќ.

Тој признал дека бабата ја убил со чекан, а дека сопругата прво ја тепал и давел.

Целиот бес го истурив врз неа – додал монструмот.

Исто така рекол дека свесно се криел и дека немал намера да се предаде на полицијата.

Размислував како да преминам граница. Тоа ми беше целта. Сакав да си заминам одовде – изјавил Горан, пишува Курир.рс

Тој беше уапсен денеска после тридневна потрага по него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.