Жена го изџвакала и го голтала гласачкото ливче, наместо да го стави во гласачката кутија, соопшти Изборната комисија во Француската гимназија во Софија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, за Комисијата е необјасниво однесувањето на жената.
Средовечната жена претходно не покажа никаков афект или несогласување со нешто, изјави претседателката на Комисијата- Снежина Колева.
Во изборниот протокол, Комисијата напишала дека жената го изела гласачкото ливче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.